понеделник, 8 декември 2025

Каевски: Дали заради зделка на Мицкоски, Арсовска се откажа од „бас – рапид“

Објавено на

часот

Сподели

Каевски упати прашање до Данела Арсовска:

„Во кое својство и во чие име Христијан Мицкоски преговарал за набавка на автобуси? Како може да подготвува меѓународни тендери претседател на партија и во чие име? И клучно, дали заради диловите на Христијан Мицкоски е прекинат проектот за бас рапид транспорт во Скопје, поддржан од ЕБРД? Од ЕБРД не се добиваат тендери. Очигледно на повидок е голем скандал, според зборовите на самиот Мицкоски. Граѓаните очекуваат одговори и дали претседателот на Советот Трајко Славевски бил вклучен во оваа партиска операција“?

Каевски додаде дека и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на тој начин преговарал, како што рече, „За тоа на М“, а функционерот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев „Преговараше со Јанакиевски за кинеските автобуси“, додека пак „Груевски најавуваше трамвајски автобуси во Скопје“.

Според портпаролот, „Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата режимска и корумпирана партија од времето на Никола Груевски“.

Каевски на крајот нагласи дека СДСМ внимателно ќе го следи овој, како што го нарече, скандал и ги повика надлежните институции да го разгледаат и да постапат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ