„ЈСП ќе стане вистински сервис на граѓаните, бесплатниот превоз е реалност што ќе се спроведе. Во интерес на јавноста е да се објасни дека превозот не се поскапува, туку се воведува нова услуга. Станува збор за билет за повеќекратно користење во текот на денот што значи поевтинување на превозот за оние кои имаат потреба од негово користење“, се вели во реакцијата од претпријатието.
Оттаму најавуваат дека ќе продолжат да применуваат проекти во интерес на корисниците на јавниот превоз, користејќи ги сите расположливи ресурси и капацитети на претпријатието.






