понеделник, 8 декември 2025

ЈП Водовод и канализација: на две скопски улици украдени 17 решетки за сливници

Објавено на

часот

Сподели

„Овој пат е извршена кражба на 13 решетки на сливници на ул. ‘Среќко Пужалка‘ и 4 на ул. ‘Финска‘. Случајот е документиран и пријавен во полициска станица. Дел од решетките на сливниците се заменети, а дел ќе се заменат во најбрз можен рок“, соопштија од ЈП Водовод и канализација.

Од претпријатието апелираат до граѓаните на град Скопје за одговорно однесување кон атмосферската канализација, имајќи ги предвид кражбите на решетки на сливници во изминатиот период.

„Ваквиот вандализам негативно се одразува на претпријатието и истовремено ја загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот“, се додава во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ