понеделник, 8 декември 2025

ЈП Водовод и канализација: Акцијата за исплата на долгови без камата ќе трае до 15 март

Објавено на

часот

Сподели

Од претпријатието ги повикуваат сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите.

„Во согласност со новата одлука на Управниот одбор, физичките лица имаат можност за склучување на договори до најмногу 48 рати, а правните субјекти до 24 рати, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање.

Оваа мерка и одлука не важи за органите на државната и локалната власт, како и другите државни органи и институции кои вршат дејности од јавен интерес, агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија, основани од државата, општините и Град Скопје.

По истекот на овој период одлуката престанува да важи“, велат од ЈП Водовод.  

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ