Во соопштението е наведено дека целта е доследно почитување и спроведување на законските прописи за вршење на оваа дејност.
„Ги повикуваме фирмите превозници на патници да се придржуваат до законите во нивното секојдневно работење, со цел овозможување квалитетен и безбеден превоз за граѓаните“, се вели во соопштението.
Вчера од Град Скопје беше соопштено дека по инспекциски надзор изречена е казна за фирмата „Ројал травел ДООЕЛ” и дека според информациите кои беа пласирани во медиумите деновиве, „станува збор за лица и возила поврзани со ‘Беса транс’, на која фирма ѝ беа одземени лиценцата за вршење на внатрешен слободен и посебен линиски превоз на патници и лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници од страна на Министерството за транспорт и врски.






