Жичницата до врв на Водно и трите автобуски линии кои сообраќаат до Средно Водно повторно се во функција од 30.12.2021 година. Во периодот ноември – март жичницата работи секој ден, освен понеделник и секој последен вторник во месецот од 10 до 17 часот, поради редовно сервисирање.
За возење во жичницата важат протоколи за заштита од ковид-19, во кабина се дозволува превоз на максимум 4 лица, кои имаат обврска да носат маска. На патниците пред влез во кабината им се мери температура и се врши дезинфекција. Кабините се дезинфицираат трипати во текот на денот.
За граѓаните на користење се отстапуваат и два транспортера за превоз на домашно милениче (куче со мал/среден раст), а дозволен е и превоз на куче-придружник на лицата со хендикеп.
До Средно Водно сообраќаат три автобуски линии – бројот 25 (Транспортен центар – Средно Водно) сообраќа секој ден освен понеделник, како и броевите 25А (Автомакедонија – Средно Водно) и 25Б (Дом на печат – Средно Водно) кои сообраќаат само за викенди и државни празници. Сите три линии за време на викендите и државните празници се бесплатни за граѓаните, соопшти Град Скопје.






