понеделник, 8 декември 2025

Истече законскиот рок на Општина Центар да одговори на барањето на жителите на улицата „Питу Гули“

Објавено на

часот

Сподели

Барањето на жителите беше поднесено на 18 март 2022 од страна на адвокатката Сузана Јошевска – Анастасовска до Општина Центар, а дополнето на 1 април 2022. Над улицата Питу Гули се наоѓаат озлогласените „Плацеви на Водно”, а конкретниот плац за кој е издадена оваа дозвола се наоѓа во длабока шума и исклучително стрмен терен, без потребниот пристап за да се направат потребните испитувања на почвата и воопшто да се размислува за можен објект. Покрај овие веднаш видливи аргументи на терен, под знак прашалник е и веродостојноста на документацијата: постои сомнеж дека е пробиена максималната катност, како и сомнеж околу намената на објектот. На терен и од приложената документација не е јасно како на инвеститорот ќе му се овозможи поставување на водоводна, фекална и атмосферска канализација и други инсталации”, се вели во соопштението испратено од жителите на улица Питу Гули.

Како што е наведено во дополнувањето кон барањето за поништување на жителите на Питу Гули, фирмата приложила фиктивен геомеханички елаборат (теренски инстраги потребни за да се утврди носивоста и потребната статика на објекти). 

„Маркеза“ доби одобрение за градба од страна на претходниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ во април минатата година.

Групата на жители на Питу Гули преку адвокат ја водат битката за поништување на дозволата за градба врз основа на неколку точки.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ