понеделник, 8 декември 2025

И стручњаци, новинари и жители ќе одлучуваат за ДУП „Расадник“

Објавено на

часот

Сподели

Во партиципатативно тело има  24 лица, меѓу кои и стручњаци од областа на урбанизмот, новинари, претставници на Здруженија на граѓани и жители од овој дел на градот, меѓу нив: Антони Пешев, Дарко Чекеровски, Искра Димитрова, Горан Гугулевски, Зоран Николовски, Иле Темелкоски, Добрила Петровска, Ладо Димишковски, Звонимир Стеванов, Драган Стојанов, Даниела М. Јованоска, Александар Жупаноски, Јово Крстевски, Благоја Ниотис, Горан Фиданоски, Зоран Поповиќ, Бојан Николовски, како и седум претставници од комисијата за урбанизам на Општина Кисела Вода.

„Преку пренесување на ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, преку давање на иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија, партиципативното тело ќе обезбеди инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичкото планирање. На ова тело, во постапката за креирање на идејниот лик на Расадник и сите планирани чекори кои до тоа ќе водат, ќе му се приклучат и научните авторитети од оваа област од Архитектонскиот факултет во Скопје, од Комората на овластени архитекти и инженери и од Асоцијацијата на архитекти на Македонија, кои се одзваа на повикот на Општина Кисела Вода и на располагање го ставија својот целокупен стручен потенцијал. Нацрт предлогот на меѓународниот конкурс е ставен на увид на граѓаните на веб страницата на општина Кисела Вода и се уште се прибираат забелешките и сугестиите кои пристигнуваат на [email protected]. Следниот чекор е негово објавување, по што ќе се добие и решение за идејниот лик на Расадник“, информира Општината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ