понеделник, 8 декември 2025

И „Слобода превоз“ бара поддршка од Владата за приватните автобуси во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Јовановски рече дека поради покачената цена на метанот приватните автобуски превозници се соочени со голема економска штета и дека високите давачки влијаат на нормално функционирање на автобуските линии.

„Неопходно е Владата да интервенира со одредена помош или со субвенции што ќе им помогнат на превозниците да ја совладаат оваа состојба“, изјави директорот на приватното претпријатие „Слобода превоз”, Ленин Јовановски. 

Тој рече дека долгот кон добавувачите на метан и нафта долгот изнесува 43,5 милиони денари.

„Не сакавме да организираме протести и дополнително со прекин на превозот да ја обременуваме состојбата со ковид – пандемијата. Се обраќавме со писма и апели, но за жал тоа не вроди со плод и разбирање, а превозниците продолжија да се задолжуваат кај добавувачите и да земаат кредити за да можат да ја извршуваат својата работа во интерес на граѓаните“, рече Јовановски.

Тој нагласи дека се чини оти во ниедна друга земја метанот не поскапел за 120 проценти како кај нас и дека секаде се води грижа за издржливоста на јавниот превоз.

Јовановски рече дека автобусите на метан во „Слобода превоз“ учествуваат со 70 проценти од вкупниот број на автобуси, додека кај ЈСП Скопје тој процент е само околу 30 проценти, што укажува, како што оцени, колкава штета трпат приватните превозници кои од Град Скопје добиваат испката по изминати километри. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ