понеделник, 8 декември 2025

ГТЦ ги анкетира дуканџиите дали може да продолжи да работи без лиценца за струја, за вода, греење…

Објавено на

часот

Сподели

Здружението бара од РКЕ да го преземе управувањето за снабдување со електрична енергија на повеќе од 500 деловни единици во ГТЦ и многу станови во 5 кули во комплексот на ГТЦ, кои добиваат сметка за потрошена електрична енергија и топлинска енергија од АД Градски трговски центар – Скопје. Бараме РКЕ, слично како во случајот со БЕГ, да назначи прокуратор и за АД ГТЦ за спроведување за Законот за енергетика.

„Бараме да ни овозможите склучување на договори за снабдување со електрична енергија и топлинска енергија со лиценцирано правно лице со методологија за пресметка на електрична енергија одобрена од РКЕ, како што е тоа овозможено и спроведено за сите потрошувачи во другите трговски центри. Бараме да ни овозможите инсталирање броила за електрична енергија од лиценциран снабдувач со електрична и топлинска енергија и да имаме увид во истите како што е тоа овозможено и спроведено за сите потрошувачи во другите трговски центри, во согласност со Законот за енергетика“, се вели во вчерашното писмо на Здружението до РКЕ.

Досега од РКЕ неколку пати се изјасниле дека во АД ГТЦ не се почитуваат одредбите од Законот за енергетика за што е потребно спроведување на законската обврска за  легализација на затворениот систем за снабдување со електрична енергија од страна на АД ГТЦ.

Сопствениците на дуќаните во ГТЦ и натаму тврдат дека немаат договори за снабдување со електрична и топлинска енергија во согласност со законите.

Во меѓувреме управата на АД ГТЦ спроведе некаква анкета меѓу дуќанџиите во која, според наше слободно толкување ги прашува дали сакате да работиме законски или да тераме по стaро. Во известувањето од АД ГТЦ се вели дека мнозинството од сопствениците не се изјасниле на оваа анкета, па затоа нема зошто да се бара затворен систем за диструбуција на електрична енергија. 

Од Здружението на граѓани сопственици на деловен простор во ГТЦ 1973 велат дека мора да продолжат со убедувањето на надлежните институции дека законските норми треба да се спроведуваат.

А.Д.   

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ