
„Со оваа Одлука за измена на Ценовникот на услуги на јавното претпријатие Градски паркинг, намалувањето се однесува на паркирање за еден час во зоните и тоа зона А0 паркирањето од 100 денари се намалува на 75 денари, во зона А од 50 денари се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 се намалува на 30 денари, а во зоните Ц и Д, се намалува на 25 денари“, соопштија од претпријатието.
Ваквата одлука за поевтинување на паркирањето во Скопје влезе во сила на 24 февруари со добивањето согласност од Советот на Град Скопје, односно по изгласувањето на претходно донесената одлука на седница на Управниот одбор на ЈП „Градски паркинг“ за намалување на цените за зонско паркирање во градот.






