понеделник, 8 декември 2025

Град Скопје вели не е оставка на директорот на ЈСП Скопје, туку истечен мандат

Објавено на

часот

Сподели

„Ја информираме јавноста дека на досегашниот вршител на должноста директор во Јавното сообраќајно претпријатие, Иван Илиевски му престана мандатот како в.д. директор. Постапката за избор и именување на нов в.д. Директор на ЈСП е во тек“, соопшти Град Скопје.

Во соопштението се додава  дека на досегашниот директор градоначалничката на Данела Арсовска му се заблагодарила за, како што се нагласува, досегашната професионална соработка во Јавното сообраќајно претпријатие, кое го наследил со огромни милионски долгови и кој покрај лошата состојба во која беше затекнато јавното претријатие.

Информацијата дека Илиевски, кој требало да воведе бесплатен автобуски превоз, по само пет месеци од преземањето на функцијата поднел оставка ја објави утрово СДК:мк.

Во долгото соопштение на Град Скопје потоа се додава дека со добар менаџмент и посветена работа Илиевски претпријатието го остава во добра организациска поставеност, со решен голем број на проблемите како на граѓаните така и на вработените.

„Од преземањето на функцијата, во рок од еден месец, в.д директорот Иван Илиевски во ЈСП презема повеќе мерки за зголемување на бројот на автобуси на сите линии, а вратени беа во функција и повеќе линии кои речиси две години беа времено укинати. Истовремено, во сообраќај се пуштија неколку пробни линии, сето ова со цел да се олесни на граѓаните, корисници на јавен превоз, подостапно и побрзо превезување од/до потребните дестинации“, наведува Град Скопје и се додава дека се воведение или продолжени пробни линии:

Ноќни линии (61 Тр.центар – Побожје и 63 Тр.центар – Мралино)

Продолжи пробниот период на линиите: 50А Кл.центар – Хиподром 2 и 29 Жданец – Карпош 3.

Град Скопје нагласува дека за разлика од минатата година кога секојдневно во сообраќај биле вклучени 140 возила, сега јавниот превоз се одвива со 270 возила и дека е намален интервалот на чекање автобус, но и дека цената на билетите не е зголемена и покрај зголемената цена на нафтата и нафтените деривати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ