понеделник, 8 декември 2025

Град Скопје обвинува дека министерката за култура бега од соочување со фактите

Објавено на

часот

Сподели

„Бегањето на министерката од соочување со фактите и со повикот да потпише изјава за лична одговорност за безбедноста на скопјани и за исправноста на постоечкиот проект за реконструкција на Универзална сала, ги фрла во вода сите досегашни партиски исценирани напади и политички паради од страна на централната власт и СДСМ, кои со ширење дезинформации и манипулирање со јавноста преку соопштенија и прес конференции за политички поени сакаат да ја покријат својата неспособност“, велат од Град Скопје. 

Проектот за реконструкција на Универзална сала е со сериозни импликации по текот на активностите што се одвивале, но пред се, овој проект одобрен од СДСМ и Шилегов е далеку од безбеден.

Ова го покажуваат сите записници и техничката документација, изготвени уште во време на владеењето на СДСМ со Град Скопје.

„Уште еднаш апелираме до СДСМ да престанат со манипулирање на јавноста и секојдневните напади кон Град Скопје и градската администрација злоупотребувајќи ја ситуацијата во која ја довеле тие самите Универзална сала, за политички поени, а на штета на скопјани. На Скопје и скопјани им требаат реални, одржливи, но пред се, решенија кои ќе ја гарантираат нивната сигурност и безбедност“, додаваат од таму. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ