„Го оставија градот презадолжен од долгови наследени токму од СДСМ, за сега да зборуваат за работењето на оваа градска администрација. Град Скопје ниту може, ниту, пак, има какви било ингеренции за креирање и имплементација на енергетски и економски политики кои би ја решиле оваа криза од која најголемите штети ги трпат токму граѓаните.
Надлежностите се јасни и токму Владата предводена од СДСМ е таа која треба да преземе одговорност на национално ниво и покаже вистинска грижа за граѓаните, преку носење на сет од мерки за намалување на економскиот и енергетски шок со кој се соочуваме сите. Во време на најави за енергетска и економска криза уште месеци наназад, додека земјите од регионот, но и цела Европа креираат политики за брзо надминување на енергетската криза без притоа да има удар врз џебот на граѓаните, СДСМ креираше политики како секојдневно да манипулира со јавноста, упорно посочувајќи го градот и оваа градска власт како виновник за нивните поразителни политики“, пишува во реакцијата од Град Скопје.
Оттаму додаваат дека Градот во оваа ситуација може да помогне со давање на предлог мерки за надминување на енергетската криза, како што се прави и во европските земји.






