понеделник, 8 декември 2025

Експлозија на високонапонска мрежа на МЕПСО причина за прекинот на струјата во Скопје, велат од ЕВН

Објавено на

часот

Сподели

Како што изјавиле од ЕВН за дел од медиумите, единствено имале информација за експлозија на високонапонска 400 киловатна мрежа на МЕПСО.

Струја снема попладнево околу 17.20 часот во поголемиот дел од главниот град, а потоа во 2-3 наврати се вклучуваше па се исклучуваше.

Од МЕПСО за МИА изјавиле дека причина за прекинот во напојувањето со електрична енергија во поголемиот дел на Скопје, е дефект во трафостаницата во Пинтија. Според првичните сознанија, во близина на трафостаницата имало пожар.

Повеќе детали ќе соопштат откако ќе добијат информации од екипите испратени на терен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ