„Додека претпријатието е превработено со административци, ЈП Водовод и канализација се соочува со сериозен недостаток на технички персонал како водоинсталатери и инкасатори кои сега членовите на Управен одбор ги бркаат од работа“, реагира директорот на ЈП Водовод и канализација Драган Илиевски.
Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ е виновно за превработеноста во претпријатието и дека со овој потег на УО директно се загрозува безбедноста на градот Скопје, но и редовната и непрекината испорака на услугите на ЈП Водовод и канализација до секој дом во главниот град.
„За ВМРО-ДПМНЕ единствено што е важно е непрекинати да им се нивните партиски вработувања во администрација по системот ‘клати врата, земај плата’. Кај оваа група на луѓе не постои ниту една скрупула која нема да ја погазат. Последно е прекинувањето на договорите на водоинсталатери, механичари, инженери, возачи, односно техничкиoт персонал на јавното претпријатие кои со години работат во ова претпријатие. Единствена цел на ВМРО-ДПМНЕ со оваа постапка е да се предизвика нов хаос во градот Скопје, притоа воопшто не грижејќи се за потребите на граѓаните на главниот град, нивната безбедност и со Устав загарантираното право на испорака на вода. За ВМРО-ДПМНЕ единствено е важен партискиот и политичкиот интерес“, вели во писмената изјава Драган Илиевски, директорот на ЈП Водовод и Канализација – Скопје.






