Како што информираа од Град Скопје, Ева Цветковска и Вера Палевска во име на студентите побараа да им се овозможи да ја посетуваат читалната непречено 24 часа во денот, односно студентите да не се соочуваат со проблеми од типот на затворени читални секогаш кога тие ќе им бидат потребни.
Арсовска ги поддржала нивните предлози и изјавила дека секогаш ќе биде на располагање за младите со цел реализирање на проектите од нивна корист.






