понеделник, 8 декември 2025

Без струја делови од Центар, Карпош и село Шишево

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Центарот за управување со кризи во периодот од 8,30 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците во реонот околу Грчката амбасада во центарот на Скопје и тоа на улица „Борка Талески“ на потегот помеѓу улиците „Ленинова“ и „Мирослав Крлежа“, на улица „Дебарца“ помеѓу улиците „Ленинова“ и „Никола Тримпаре“ и на улица „Никола Тримпаре“ помеѓу улиците „Мирослав Крлежа“ и „Дебарца“.

Во период, пак, од 9 до 10 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците во локалите на булевар „Партизански Одреди“ број 88, влез 2 во населбата Карпош 4, а во период од 9 до 14 часот и дел од корисниците од село Шишево во Општина Сарај. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ