
Во истите денови, односно сабота и недела и државни празници, на јавното паркиралиште зона А0, на Средно Водно, ќе биде зголемен бројот на контролорите за паркирањето и на инкасантите за наплата.
Истовремено Град Скопје апелира до граѓаните своите возила да ги паркираат исклучиво на обележаните паркиралишта во градот и да го чуваат зеленилото и јавните површини од оштетување.






