понеделник, 8 декември 2025

БЕГ: Испорачуваме топлина од 20 плус 1 степени

Објавено на

часот

Сподели

„Во периодот од 6 до 9 јануари годинава во диспечерскиот центар на БЕГ Снабдување регистрирани се рекламации на потрошувачи од 204 објекти, од вкупно 2.700 објекти кои се приклучени на системот за централно греење со кој управува БЕГ. Во 39 објекти се констатирани технички неисправности во топлинските станици на објектите и истите се веднаш отстранети. Во останатите објекти од кои е рекламирано, извршено е мерење на внатрешната температура и констатирано е дека сите објекти имаат внатрешна температура еднаква или повисока од 20 степени Целзиусови, односно испораката на топлина е во согласност со Правилата за снабдување. Само во еден објект измерена е внатрешна температура од 19,5 степени и во истиот момент е покачено нивото на испорака со цел да се постигнат пропишаните 20 степени Целсиусови“, наведува компанијата во соопштението.

Од БЕГ велат дека ваквиот режим на испорака на топлинска енергија е оптимизиран, односно дека во споредба со претходниот период како што се нагласува, редуцирани се внатрешните температури на објектите кои претходно на барање на потрошувачите имаа повисоки температури од пропишаните.

„Во услови на енергетска криза и раст на цената на енергенсите, пазарната цена по која компанијата го купува приодниот гас е повеќе од четири пати повисока од цената која е предвидена во тарифата. Групација БЕГ во моментов ги користи сите свои тековни средства за набавка на ограничени количини природен гас за неколку дневна испорака. Оттука произлезе неопходноста да се оптимизира режимот на испорака на топлинска енергија без притоа да се нарушат пропишаните критериуми, со цел да се овозможи неопходното време надлежните институции да спроведат мерки за надминување на оваа енергетска криза, преку обезбедување на финансиски средства за набавка на природен гас и субвенционирање на домаќинствата приклучени на системот за централно греење“, се вели во соопштението.

Дополнително во услови на енергетска криза апелираме сите да ја штедиме енергијата и да не се троши повеќе од пропишаното согласно европските стандарди и домашната регулатива.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ