понеделник, 8 декември 2025

Арсовска: Ќе поставуваме фотоволтаични системи на објектите под ингеренции на Градот Скопје

Објавено на

часот

Сподели

„Големи се придобивките од транзиција кон енергетски ефикасни објекти, а проектите на кои работиме, како оној кој го презентираме денес, е нешто за кое Градот одлучно се залага да го оствари, со имплементација на фотоволтаични системи врз објектите кои се под ингеренции на Градот и воведување иновативни системи за обновливи извори на енергија“, истакна Арсовска.

Градоначалничката посочи дека ваквите проекти кон кои се стреми Градот да ги реализира во поголем обем имаат позитивно  влијание врз животната средина и овозможуваат нејзината заштита.

„Почнуваме со објектите кои се под надлежност на Градот Скопје, за кои ќе преземеме и поголеми активности во насока на зголемување на нивната енергетска ефикасност, кои ќе можат воедно со енергетски сертификат да го потврдат својот капацитет за воспоставување на системи од обновливи извори на енергија“, истакна Арсовска.

На денешната јавна дебата на која учествуваа експерти и заинтересирани граѓани, беше констатирано дека со ваквите проекти не само што ќе се заштити животната средина, туку ќе се направат заштеди кои во состојба на криза особено енергетска криза, се добредојдени, затоа што на долг рок директно се штедат буџетските средства кои можат да бидат употребени за инвестиции во нови иновативни системи од обновливи извори на енергија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ