Партијата наведува дека десетици здруженија, правни и физички лица кои аплицирале, деновиве реагираа дека само формално преку електронска пошта биле известени дека не добиле средства.
„Сето ова, отвора сомнеж и прашања дали Арсовска овие пари ги поделила на здруженија, правни и физички лица блиски до нејзината ВМРО-ДПМНЕ и што се обидува толку да сокрие Арсовска штом уште нема јавно објавени резултати“; прашува СДСМ и ја повика градоначалничката веднаш да ги објави резултатите од јавниот повик, а граѓаните да дознаат на што ги потрошила тие 220.000 евра од градскиот буџет.






