„Општина Арачиново годинава од вкупно 2.675 регистрирани домаќинства успеала да инкасира над 6 милиони денари по основ на локални даноци, што во споредба со 2022 година е раст од 422 отсто“, изјавил градоначалникот на настан организиран од УСАИД, притоа во соопштението на Општината е наведено дека 1.256 обврзници веќе платиле данок.

„Арачиново не е веќе ‘црна овца’ туку денес добиваме пофалби и веќе се мериме со општини кои се многу поголеми и финансиски појаки од нас. Нашето домаќинско работење денес ги бележи првите позитивни резултати, благодарение на помошта и соработката со многубројни меѓународни организации, а посебно со УСАИД која во секој момент покажува спремност да ни помогне“, рече Ибраими.

Преставникот на УСАИД, Бардил Марку, како што е наведено во соопштението, за Арачиново говорел во суперлативи и ја нарече успешна приказна пофалувајќи ја во делот на фискалната транспарентност како општина со најголем раст во 2023 година.







