понеделник, 8 декември 2025

Агресивни улични кучиња напаѓаат во Сопиште, граѓаните бараат помош оти не смеат да излезат на улица

Објавено на

часот

Сподели

„Пред неколку месеци дел од овие кучиња беа мали оставени во пакети, а сега пораснале и се големи и агресивни и напаѓаат.”, вели жител на улицата со број 37 во ова место каде се наоѓаат уличните кучиња.

Жителите пријавувале во општина Кисела Вода, но од таму добиле одговор дека не се надлежни. Се обратиле и до Јавното претпријатие за третман на улични кучиња „Лајка“, но и од таму добиле одговор дека и тие не се надлежни.

Сликата со улични кучиња е секојдневие речиси секаде во главниот град. Во Билтенот на МВР речиси секојдневно има пријави од граѓани кои се каснати од улични кучиња. Голем број улични кучиња има и во Драчево, Долно Лисиче, Аеродром, Ѓорче Петров… 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ