недела, 14 декември 2025
Смрдеа, хаос и валканици по градот иако редовно се наплатува за оваа услуга

Скопје тоне во ѓубре со недели, од „Комунална хигиена“ со денови никој не крева телефон

Скопје тоне во ѓубре. Со денови, со недели… Смрдеа има насекаде, од Населбата Лисиче, Горно и Долно Лисиче, Јурумлери, Трубарево, Маџари, Автокоманда… Но, не се само општините Аеродром и Гази Баба, туку проблем има насекаде. Редакцијата на МКД.мк повеќе од 10 дена се обидува да ги добие надлежните од „Комунална хигиена“ на телефонскиот број 02/3216-644, но никој не крева слушалка. Понекогаш се случува да е линијата зафатена, а потоа повторно ѕвониме за да пријавиме дека купишта ѓубре стојат по улиците, но никој не се јавува.

Објавено на

часот

Сподели

Да пријават вртат и жителите, но ниту тие не добиле одговор од другата страна на телефонската линија. Па никој не знае дали воопшто „Комунална хиегиена“ знае дека не е собрано ѓубрето, бидејќи како што велат, кога претходно се случувало да пријавуваат и да го дадат бројот на улицата, од претпријатието добивале одговор дека во листата им стои, ѓубрето на нивната улица е собрано.

Но, ова е само на хартија, бидејќи во пракса улиците се полни ѓубре. А, кој и зошто запишува дека улиците се чисти, кога не е така?

Денес општина Центар испрати соопштение во кое изјавија дека општината долг период го собира ѓубрето низ Центар и ја врши работата на „Комунална хигиена“.

Никој не кажува што е проблемот, и зошто граѓаните што плаќаат за чисти улици на „Комунална хигиена“, добиваат смет, смрдеа и валкани улици полни ѓубре.

Редакцијата на МКД.мк ги повикува од „Комунална хигиена“ да ни испратат одговори бидејќи никако не можеме да обезбедиме одговори за ѓубрето кое речиси цел месец се трупа по улиците низ Аеродром и Гази Баба.

И ова трае, не само сега, туку долго време, а редакцијата на МКД.мк во повеќе наврати пишува за овој проблем. Следат локалните избори, но да се надеваме дека овој проблем нема да чека дотогаш, туку камионите на „Комунална хигиена“ што поскоро ќе ја завршат својата работа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ