Овој уникатен настан ги обединува најреномираните винари, јавни личности, љубители на вино и гастрономи од целиот регион. Присутните ќе можат да уживаат во дегустации на врвни вина, културна програма, музика и дружење со водечките имиња од винскиот свет.
Пред одбележувањето на Светскиот ден на вранецот, „Вина од Македонија“ ќе организира Научна конференција за Вранец, која ќе се одржи на 3 октомври во соработка со Земјоделскиот институт – Скопје. Конференцијата претставува единствена платформа што ги спојува науката, виното и уметноста, а на неа врвни научници и истражувачи од Македонија и регионот ќе ги презентираат најновите сознанија и истражувања за автохтоната сорта вранец.
Секоја година вранецот ја поставува Македонија на светската винска мапа како амбасадор на квалитет и автентичност.






