Причината за загадувањето и мирисот низ главниот град не се знае, односно дали е заради пожарот во Дрисла или се работи за нов пожар. Се чека одговор дали гори некоја друга депонија.
Жителите се жалат на печење во очите и грлото и предупредуваат дека ваквата состојба претставува сериозна закана за јавното здравје.
„Мириса на изгорена гума и пластика, не можеме ни прозор да отвориме“, сведочат скопјани на социјалните мрежи.
Скопје повторно се соочува со катастрофално загадување, кое дополнително ја разгорува недовербата на граѓаните во системот и во безбедноста на депонијата Дрисла.
Во последното деноноќие на територија на државата имаше вкупно 29 пожари на отворен простор. Од оваа бројка, всушност 4 се активни, два под контрола, а изгаснати се 23 пожари.






