понеделник, 8 декември 2025
Детали за тоа што ќе се преземе се најави за денес од ДЗС

Скопје се гуши во чад, Дрисла и Вардариште горат, а СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ си ја префрлаат вината

Додека депониите Вардариште и Дрисла и натаму горат, а чадот и смрдеата го гушат Скопје и околните населени места, најголемите партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ повторно влегоа во меѓусебни обвинувања околу тоа кој е виновен за еколошката катастрофа.

Објавено на

часот

Сподели

„На Скопје и на пола Македонија им се заканува еколошка катастрофа поради тоа што четири години ВМРО-ДПМНЕ не мрднаа со прст да го решат проблемот со депониите. Наместо решенија, граѓаните добија задушен град и канцерогени материи. Орце Ѓорѓиевски како претседател на ЗЕЛС се крие, а Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го загушија Скопје и ја трујат Македонија,“ велат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, обвинуваат дека токму СДСМ и нивните кадри, вклучувајќи ја и поранешната министерка Каја Шукова, се одговорни за долгогодишниот хаос со депониите.

„СДС и Шукова со години ги користат Вардариште и загадувањето за предизборни ветувања. Шукова 20 години беше дел од Министерството за животна средина и не направи ништо, а сега повторно на граѓаните им ветува исто. Токму во време на СДС беа тргнати чуварските служби од Вардариште и Дрисла, што дополнително ја влоши ситуацијата,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во меѓувреме, чадот и непријатниот мирис остануваат секојдневие за граѓаните на Скопје, кои бараат конкретни и трајни решенија наместо политички препукувања.

Детали за тоа што ќе се преземе најави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ