понеделник, 9 јуни 2025

Скопје и уште шест други градови денеска под посебен сообраќаен режим

Денеска во Скопје и шест други градови ќе биде воведен посебен режим на сообраќај. Во еден ден во седум града, за една цел, помош за настраданите во пожарот во Кочани. Организатор на трката е Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп Хаус по повод Денот на Европа. Хуманитарна трка ќе се одвива под наслов „Сите за Кочани – Трчаме заедно“. Освен во Скопје, утре ќе се трча и во Струмица, Крива Паланка, Битола, Велес, Струга и Тетово. Дополнително, Скопје ќе биде под посебен сообраќен режим и во остатокот од денот поради одржување атлетска трка во скопски Аеродром, како и поради одржување на ракометниот натпревар помеѓу Алкалоид и АЕК.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје посебниот режим на сообраќај ќе започне од 7:30 часот.

„Денеска во периодот во 07:30 часот до 10:30 часот, ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на булевар Јане Сандански при што натпреварувачите ќе се движат на дел од булеварот на десната коловозна лента гледано во насока на движење исток-запад на потегот од крстосница со булевар Србија и булевар Видео Смилевски Бато до крстосница со улицата Владимир Комаров, на дел од улица Васко Карангелевски во двете насоки на движење на потегот од крстосницата со булеварот Јане Сандански до крстосница со булевар АСНОМ и на дел од булевар АСНОМ на десната коловозна лента гледано во насока на движење исток-запад на потегот од крстосница со булевар Киро Глигоров“ и булевар Србија до крстосница со улица Васко Каранѓелевски во Скопје. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници“, информира Министерството за внатрешни работи.

Во меѓувреме ќе започне и хуманитаранта трка „Сите за Кочани – Трчаме заедно“.

„Денеска со почеток во 10 часот ќе се одржи хуманитарна трка по повод одбележување на Денот на Европа насловена како ‘Сите за Кочани – трчаме заедно’, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св.Пантелејмон и обратно. Од  тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници“, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Почнувајќи од доцна попладнето пак, посебен режим на сообраќај ќе има поради меѓународниот спортски натпревар во ракомет меѓу Алкалоид и АЕК од Грција.

„Денеска со почеток во 20:30 часот во Спортскиот центар Борис Трајковски ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу Алкалоид и АЕК. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците кон и околу спортскиот центар“, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците за време на посебниот сообраќаен режим.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ