Поради големиот пожар повеќе населби во Скопје беа без електрична енергија, а од ДЗС информираат дека набргу дел по дел, ќе биде пуштена електричната енергија.
Голем пожар изби попладнево на дивата депонија Вардариште каде што беше зафатен поголем простор и постар објект.
Во моментот интервенираат 13 пожарникари со 5 ПП возила, а исклучени се далекуводите за Аердром и Лисиче заради пожарот.






