сабота, 4 април 2026

Скопјани од денес имаат нов возен ред на автобусите на ЈСП

Скопјани од денес ќе се возат по нов возен ред на дел од линиите на ЈСП, откако Јавното сообраќајно претпријатие соопшти дека од 4 април стапуваат во сила измени во рамки на единствената мрежа на линии во градот.

Објавено на

часот

Сподели

Според ЈСП, измените се воведуваат со цел усогласување на возниот ред со Одлуката за интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје, а нивната намена е да придонесат за подобра организација и поголема ефикасност на јавниот превоз.

Од претпријатието наведуваат дека новиот возен ред се однесува на дел од линиите, а деталните информации за измените, вклучително и статичниот возен ред по линии и возниот ред по постојки, се достапни на официјалната веб-страница на ЈСП.

Промените доаѓаат во период кога јавниот превоз повторно е во фокусот на граѓаните, особено поради секојдневните реакции за редовноста, гужвите и функционалноста на автобускиот сообраќај во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ