вторник, 20 јануари 2026

Скопјанец осомничен за физички напад и загрозување на сигурноста на жена

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец поради основано сомнение дека сторил кривично дело телесна повреда како и загрозување на сигурноста.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Јавното обвинителство, инцидентот се случил на 14 јануари во дом во скопската населба Гази Баба, каде што оштетената привремено престојувала. Осомничениот, кој бил во видно алкохолизирана состојба, физички ја нападнал својата партнерка, удирајќи ја по главата и телото, ја давел за вратот и ѝ се заканувал со нож, замавнувајќи кон неа.

Жената била спасена од двајца потстанари во истата куќа, кои ја извлекле од просторијата и повикале полиција. Кај жртвата биле констатирани повеќе телесни повреди, меѓу кои пукнатина на ребро и на градна коска.

Основното јавно обвинителство Скопје предложило на осомничениот да му биде определена мерка притвор поради опасност од бегство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ