петок, 9 јануари 2026

Скопјанец ја нападнал поранешната партнерка, забрането му е да ѝ се приближува

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против скопјанец за кривично дело телесна повреда, информираа од Обвинителството.

Објавено на

часот

Сподели

„Осомничениот на 4 јануари, при испад на љубомора, ја навредувал и телесно ја повредил неговата поранешна партнерка, удирајќи ја повеќе пати по главата и телото, а потоа насилно ја исфрлил од својот автомобил, туркајќи ја на бетонот помеѓу столбчињата поставени на коловозната лента“, соопштија од Обвинителството.

Случаен минувач го пријавил настанот во полиција, а оштетената била пренесена во болница за укажување на лекарска помош.

Јавниот обвинител предложил до судија на претходна постапка да определи мерка на претпазливост – забрана за приближување и остварување каков било контакт со оштетената во текот на постапката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ