Новата малопродажна цена на еуросупер БС – 95 е 79,5 денари за литар, еуросупер БС – 98 ќе се продава за 81,5, а еуродизел БС (Д-Е V) 85,5 денари за литар. Цената на екстралесното масло за горење (ЕЛ-1) се зголемува за 12,5 денари за литар и ќе изнесува 82,5 денари. Малопродажната цена, пак на мазутот М-1 НС се зголемува за 7,044 денари за килограм и ќе биде 42,586 денари
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 13,384 отсто, кај дизелот за 36,134, кај екстралесното масло за 32,102 и кај мазутот за 27,87 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот, по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,9444 отсто.






