Како што рече денеска претседателот на Комората, Бранко Азески по средбата со министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, компаниите се задоволни од работата на Владата, иако има мислење дека некои од работите поспоро се одвиваат.
„Моментно, во оваа исклучително проблематична геополитичка ситуација, мора превентивно да се дејствува за да одговориме на сите предизвици. Бараме враќање на солидарниот данок – тука мислам на одлуката на Уставниот суд, како и во предизборието повторно да се покрене процесот на децентрализација“, истакна Азески.
Меѓу темите на состанокот била и предвидливоста.