петок, 2 јануари 2026

Со вештачки снег отворена ски-патеката во Михајлово

Ски-патеката „Македонија“ во Михајлово повторно почнува со работа, информираат од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Објавено на

часот

Сподели

„Зимската магија се враќа во Михајлово. Одлични вести за сите љубители на снегот и зимските уживања. По успешното отворање минатата година, ски-патеката ‘Македонија’ во Михајлово почнува со работа, официјално ја отвора новата зимска сезона. Патеката ќе функционира до 19 часот, а по потреба и до доцните вечерни часови. Денешниот ден е прв ден од сезоната, подготвен за сите љубители на снегот и зимските спортови“, соопштуваат од кабинетот на Јанчев.

Оттаму потсетуваат дека ова е втора зима како работи оваа скијачка патека.

„Втора зима по ред како Михајлово станува вистински зимски центар за сите генерации, место каде што снегот, радоста и дружењето се спојуваат во едно незаборавно искуство“, истакнуваат од кабинетот на Јанчев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ