сабота, 6 декември 2025

„Сити аутсорсинг“: Томовски нема врска со нас, ова е политичка пресметка врз наш грб

„Сити аутсорсинг“ како компанија која повеќе години успешно работи на пазарот, со над 70 вработени и со целосно, редовно подмирување на сите законски обврски кон државата и вработените, изразува длабока загриженост и разочараност од обидите да се наруши угледот и интегритетот на компанијата, се вели во соопштението на комапнијата која денеска беше посочена од СДСМ за наводна вмешаност во незаконски активности, поврзувајќи го и директорот на владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, со тоа. „Сити аутсорсинг“ е фирма која се занимава со одржување на хигиена на големи косисници.

Објавено на

часот

Сподели

„Без да навлегуваме во политички пресметки или дневно-политички наративи, категорично ги демантираме сите изнесени наводи со кои се поврзува споменато лице со нашата компанија. Истото лице нема никаква деловна, кадровска или друга поврзаност со ‘Сити аутсорсинг’. Компанијата од своето основање до денес бележи континуиран и стабилен раст, резултат на професионално, одговорно и законито работење. Дополнително, дел од овој раст произлегува од затворањето на две други компании на пазарот, што создаде можност за преземање дел од нивните претходни обврски и клиенти. Компанијата останува посветена на транспарентност, чесна деловна пракса и поддршка на своите вработени, клиенти и деловни партнери“, се вели во соопштението на компанијата.

Претходно реагиташе и Томовски. Тој истакна дека очигледна е намерата по секоја цена на партијата која е во пропаѓање да обвинува, клевети и жигосува.

„Тоа е нивниот стил, но и единствената сламка за спас. Денес ги гледаме нивните соопштенија – безобразни, малициозни, полни со клевети и измислици. Тој нивен примитивен стил не е политика, туку обид со гнасни конструкции да се прикрие сопствениот очај. Да се прикрие неспособноста која ја видовме седум години. Посочената компанија не е моја, ниту пак имам било каков удел во нејзе. Јас во моментов немам никаква приватна компанија и единствено сум насочен кон мојата работа како директор на Службата за општи и заеднички работи. Целиот мој живот работам чесно, одговорно и посветено, така и ќе продолжам. СДС ќе мора да се извини поради изнесените клевети, во спротивно ќе поднесам тужба пред надлежните органи“, напиша Томовски на фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ