среда, 10 декември 2025
Процесот продолжи со воведни говори во судницата во Идризово

Сите сме овде да најдеме правда, рече судијката Груевска Илиевска која го води процесот за „Пулс“ во кој сите обвинети тврдат дека не се виновни

Сите сме овде за да најдеме правда рече денес на судењето за „Пулс“ судијката Диана Груевска Илиевска која ја води оваа постапката за трагедијата во Кочани во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Нејзиното лице јавноста не може да го види, бидејќи од првото рочиште забрани да се снима и фотографира советот кој го суди овој процес.

Објавено на

часот

Сподели

Прв на денешното рочиште воведен говор даде градежниот инспектор Огњан Георгиев, кој побара од обвинителите тој и неговите колеги да бидат ослободени, бидејќи не биле поврзани со големиот пожар.

„Дваесет и осум години работев како градежен инспектор и никаде не сум имал наредба или барање за контрола на овој објект. Моите овластувања секогаш беа примарни и затоа за време на работата немав никакви проблеми во врска со законската регулатива. Со ниедна странка немам изгубено спор на суд, и пак ќе повторам дека немам ништо со оваа трагедија. Обвинет сум без никаков основ, никогаш не сум бил во објектот, ниту тој бил во моја надлежност, наведените правни изрази, трајно кривично дело, соизвршителство, умисла, небрежност, не знам што…, за мене не се во ред и со сето ова немам никаква врска и сум бесправно обвинет. Барам Обвинителството да го преиспита обвинениетот и јас и моите колеги да бидеме ослободени. Вака како што ме обвинувате не можам, а да не кажам дека не сум виновен и не ги гледам моите пропусти. И јас барам правда исто како и сите други“, рече во воведен говор пред судот обвинетиот градежен инспектор Георгиев.

Според обвинителниот акт, обвинетиот Георгиев заедно со уште двајца градежни инспектори во општина Кочани, од 2005 до 2024 како службени лица, можеле, но не извршиле контрола за да утврдат дека во дискотеката „Пулс“ се врши угостителска дејност, иако тоа не било предвидено сп деталниот урбанистички план на општина Кочани.

На 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна пожар во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Во објектот имало над дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Објектот работел незаконски повеќе од една деценија, без минимално-технички услови, со реконструкции без дозволи и без систем за противпожарна заштита.

Судењето е во тек со воведни говори на останатите обвинети лица.

К.Д.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ