„Првиот училишен ден е момент исполнет со радост и возбуда и за децата и за родителите. Тој треба да остане во сеќавање по детската насмевка, а не по финансиските грижи. Затоа, ги известувам сите родители дека нема потреба да купуваат ранци и прибор – сè ќе добијат од општината, без никакви критериуми или административни процедури“, напиша Ѓорѓиевски на својот профил на Фејсбук.
Проектот, кој за првпат беше воведен токму во Кисела Вода, со години наназад се реализира со цел да се даде поддршка на семејствата, а како што посочи градоначалникот, станал пример што се проширил во други општини низ државата.
Минатата година, Ѓорѓиевски лично ги посети учениците и вели дека токму насмевките, прегратките и среќата на децата му останале како силен мотив проектот да продолжи и да се надградува.
„Влогот во најмладите е влог во иднината на Македонија“, порачува градоначалникот.






