Слаби врнежи од снег се забележани на Попова Шапка, додека во Македонски Брод, Крушево и Ресен има врнежи од снег, проследени со дожд.
Од Јавното претпријатие апелираат до возачите на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината според условите на патот.
Дежурните екипи на претпријатието се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.






