„Со цел обезбедување непречена комуникација на граѓаните особено пред претстојните празници, општинските служби денеска извршија расчистување и посолување на локалната патна инфраструктура. Општинската власт е секогаш во служба на своите граѓани“, наведуваат од општината.
Интервенирано е на патните правци кон селата Волковија, Беличица, Сенце, Дуф, Врбен, Леуново, Ниќифорово, Сретково, Церово, Видуше, Нистрово, Врбјани, како и на новиот пат за населеното место Скудриње, каде беа отстранети поголеми количини на одрони од земја и камен.
„Сите локални патишта во општината се целосно проодни. Сакаме да ги информираме граѓаните дека службите во континуитет ќе ги расчистуваат сите евентуални нови одрони кои ќе се појават на локалните патишта низ целата општина“, посочуваат од општината.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.






