Беа доделени 18 сребрени и 14 бронзени медали на неколку македонски винарии меѓу кои винарија Тиквеш со вкупно 13 освоени медали, винарија Монтеко со освоени 7 медали, како и винариите Лазар и Стоби со освоени по 3 медали, Шато Камник и Венец со освоени по 2 медали и винариите Винска визба Попови и Аурус со освоен по 1 медал на престижниот вински натпревар.
Овој извонреден успех е одраз на посветеноста, квалитетот и сè поголемото глобално признание на македонските винарии и нашиот автохтон тероар. Сите вина имаат над 85 поени додека некои од вината имаат и над 90 поени. Сите вина го нагласуваат богатството и разновидноста на нашата винска индустрија — од автохтони сорти како вранец, до интернационално признати купажи.
Овие признанија не се само победа за производителите, туку и сведоштво за потенцијалот на Македонија како винска дестинација од светска класа.