понеделник, 9 февруари 2026

Синот од Штип доби доживотен затвор за убиството на 84-годишната мајка

Штипјанецот Стојанче Зарков доби казна доживотен затвор затоа што во август минатата година, во алкохолизирана состојба, ја уби својата 84-годишна мајка. Зарков на судењето тврдеше дека не се сеќава дека ја убил мајка си.

Објавено на

часот

Сподели

Рече дека тој ден ги извршувал секојдневните обврски. Потоа рече дека бил во другата соба кога неговата мајка почнала да вика. Влегол кај неа и видел дека од вратот и тече крв. Повикал Брза помош, а потоа дошле полиција и јавен обвинител.

Сепак, според доказите, Зарков се јавил во Итна медицинска помош и рекол: Jа прободев несакајќи мајка ми, или ќе преживее или нема.

ДНК анализата докажа дека Стојанче е убиецот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ