вторник, 9 декември 2025

Синоќа само во Скопје 128 сообраќајни прекршоци

Скопската полиција синоќа констатираше 128 сообраќајни прекршоци, казнети се 94 возачи на мотоцикл, а лишено од слобода е едно лице кај кого било пронајдено кокаин.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера од 17 часот до денеска во еден часот по полноќ СВР Скопје спрове оперативна акција „Безбеден сообраќај“. За време на контролата акцентот беше ставен на учесниците во сообраќајот кои управуваат мотоцикли.

Казнети се 128 учесници во сообраќајот, од кои 94 возачи на мотоцикли – 16 санкции за управување мотоцикл без возачка дозвола, 46 мерки за управување мотоцикли без заштитна кацига, 17 санкции за возење без положен испит за познавање на сообраќајните правила и прописи, шест мерки за управување мотоцикл без да поседува соодветна категорија, пет санкции за измината важност на сообраќајната дозвола, две мерки за непропуштање пешаци на пешачи премин…

За време на сообраќајната контрола бил приведен Д.Љ. кај кого бил пронајден кокаин. Санкционирани се и 10 возачи за возење без возачка дозвола на патнички и товарни моторни возила, а изречени се и две мерки за возење под дејство на алкохол и една санкција за незастанување на даден знак „стоп“ од страна на униформирани полициски службеници.

Акциските контроли во рамки на оперативната акција ќе продолжат и во наредниот период со засилен интензитет. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ