петок, 5 декември 2025

Синохидро: Навремено ги исполнуваме договорените обврски за автопатот Кичево-Охрид

Проектот за автопатот Кичево–Охрид, кој во моментов го реализира нашата компанија, исто така се изведува согласно FIDIC Red Book (издание 1999 год.) моделот на договори. Според договорените одредби, изведувачот, Синохидро, е одговорен за градежните работи, додека сите прашања поврзани со проектната документација, експропријација, дислокација и другите предуслови за изведба не се во надлежност на изведувачот, се вели во реакцијата на кинеската компанија Синохидро по објавите во македонските медиуми за изградбата на автопатот Кичево–Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

„Дел од објавените информации не соодветствуваат со фактичката состојба и може да доведат до погрешни толкувања.

Нашата компанија, Синохидро корпорејшн лимитид (дел од Power Construction Corporation of China,Ltd. POWERCHINA), глобална корпорација рангирана на листата „Fortune 500“ има воспоставено деловно присуство и успешно реализирано проекти во повеќе од 130 земји и региони, со висока репутација за квалитет на изведба и исполнување на договорните обврски. Во Северна Македонија согласно меѓународно признатиот FIDIC Red Book (издание 1999 год.) модел на договори, успешно ги завршивме и пуштивме во употреба автопатот Миладиновци–Штип, експресниот пат Крупиште–Кочани и експресниот пат Фариш–Дреново, со значаен придонес кон развојот и модернизацијата на транспортната инфраструктура во земјата, како и кон подобрување на мобилноста на граѓаните. Паралелно со реализацијата на проектите, нашата компанија активно ја исполнува својата општествена одговорност, за што доби професионално признание и позитивна оцена од јавноста.

Проектот за автопатот Кичево–Охрид, кој во моментов го реализира нашата компанија, исто така се изведува согласно FIDIC Red Book (издание 1999 год.) моделот на договори. Според договорните одредби, изведувачот е одговорен за градежните работи, додека сите прашања поврзани со проектната документација, експропријација, дислокација и другите предуслови за изведба не се во надлежност на изведувачот.

Во моментов нашата компанија активно ги исполнува договорните обврски во согласност со одобрениот градежен динамички план од страна на инвеститорот и надзорот, без прекин вклучително работејќи и за време на празниците. Истовремено, за да се создадат неопходните надворешни услови за непречено реализирање на проектот, нашата компанија проактивно презема и активности кои не се опфатени со договорот, правејќи ги сите напори за целосна поддршка на инвеститорот во забрзано решавање на прашањата поврзани со експропријација, дислокација, како и во доусовршувањето на проектната документација.

Нашата компанија ќе продолжи да го спроведува проектот за автопатот Кичево–Охрид со највисок степен на професионалност и одговорност, активно унапредувајќи ја неговата реализација. Искрено очекуваме проектот да биде успешно финализиран во најкраток можен рок и значајно да придонесе кон унапредување на поврзаноста, како и кон понатамошниот социјален и економски развој на Северна Македонија“, се вели во соопштението на Синохидро корпорејшн лимитид Пекинг – подружница Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ