Во денешното соопштение на Синдикатот се наведува дека со ваквите постапки, министерот директно ги дерогирал Општиот колективен договор за јавниот сектор и колективните права на вработените, и свесно ги ограничил нивните законски права од работен однос.
„Со ваквото постапување, министерот извршил сериозен упад во системот на работнички права и владеењето на правото, ставајќи се над законите и колективните договори. На прес-конференцијата ќе бидат објавени и кривични пријави против директори на институции од културата, кои спроведувајќи ги незаконските насоки дадени од министерот, постои основано сомневање дека сториле кривично дело повреда на правата од работен однос. Јавноста ќе биде информирана и за нови судски пресуди донесени во корист на вработените во културата, кои дополнително ја потврдуваат незаконитоста на постапките со кои се кратат правата и платите на културните работници“, велат од Синдикатот на културата.
Од Синдикатот на културата порачуваат дека никој не е над законите и дека секоја злоупотреба на функцијата со која се повредуваат правата на работниците ќе биде институционално и јавно оспорена.






