понеделник, 14 јули 2025

Синдикатот на текстилните работници стана дел од Сојузот на синдикати

Гласен синдикат од денеска официјално стана дел од Сојузот на синдикати – 5-та сила, соопштуваат од синдикатот.

Објавено на

часот

Сподели

Оттаму информираат и дека едногласно е избрана Кристина Ампева за генерален секретар на сојузот. Ампева, како што дополнуваат, е позната по својата долгодишна, гласна и бескомпромисна борба за правата на работниците и социјална правда.

„Ова е чекор напред кон посилно, похрабро и попрогресивно синдикално движење. Единството и солидарноста се нашата најголема сила – и само заедно можеме да ја промениме реалноста на македонскиот работник“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ