Како што наведуваат од синдикатот, постои основано сомнение дека пријавениот Н.Б во својство на службено лице – командир на ПС ОН Крушево, во времето на вршење на служба, пријавил кривично дело „Оддавање на службена тајна“, за кое воопшто немало ниту едно битие дека е сторено.
„Злоупотребувајќи ја службената положба како командир на ПС ОН Крушево на ден 20.03.2024 година, Н.Б. пријавил едно кривично дело – одавање на службена тајна, иако знаел или требало да знае дека на ниту еден начин е сторено пријавеното дело, ниту пак има елементи и битија потребни за да биде сторено, а сето тоа го сторил на начин да стори штета на Синдикат на полиција во Македонија. Бараме одговорност и од началникот на ОВР Крушево кој со пропуштање на должен надзор или на друг начин очигледно несовесно постапувале во вршењето на своите овластувања и должности, му дозволил на пријавениот лажно да пријави кривично дело, а притоа му нанел штета на правното лице Синдикат на поолиција во Македонија“, стои во соопштението од СПМ.
Од синдикатот прашуваат како е возможно командир на полициска станица да нема елементарни основни познавања во полициското работење и сето тоа на штета на угледот на Министерството за внатрешни работи. Воедно, ја повикуваат внатрешната контрола во МВР, по допрен глас да го истражи наведеното и против посочениот раководител – командир да преземе мерки за негово разрешување од позицијата командир на ПС ОН Крушево.






