понеделник, 8 декември 2025

Силно невреме со дожд, град и грмежи го зафати Скопје и делови од Македонија

Силно невреме проследено со обилен дожд, град, ветер и грмежи попладнево го зафати Скопје и повеќе региони низ земјава. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нестабилна облачна маса се движи низ централниот, северозападниот и североисточниот дел од Македонија, носејќи со себе интензивни поројни врнежи, силни електрични празнења и ветришта што можат да предизвикаат значителни штети.

Објавено на

часот

Сподели

Од УХМР информираат дека особено силно невреме има во регионот околу езерото Младост и делови од Велес, каде врнежите од дожд и град се интензивни, придружени со грмежи и засилен ветер. Слична состојба е регистрирана и помеѓу Штип и Кочани, во регионот на Горни и Долни Балван, како и во Прилепскиот регион, вклучувајќи ги подрачјата помеѓу Прилеп и Росоман, Неготино, Демир Капија, Виница и Делчево.

„Од запад кон Скопје се движи нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град“, предупредуваат од УХМР, додавајќи дека ваквите услови може да предизвикаат штети од поголем обем.

Температурите измерени попладнево варираат од 11 Целзиусови степени на Попова Шапка до 33 степени во Демир Капија, покажуваат најновите мерења на УХМР.

Надлежните служби ги повикуваат граѓаните на зголемена претпазливост, особено во областите каде што се очекува невремето да продолжи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ