Улиците се преполни со вода, има паднати гранки дрвја, но според надлежните, штетите кај земјоделските посеви, се незначителни, поради малиот обем на зрната град.
„Засега нема пријави на поголеми штети. Не се исклучува да има поплавени подрумски простории но граѓаните вообичаено не пријавуваат“, изјави за МИА Фемија Ајроски, раководител на Регионалниот ЦУК- Дебар.
Поради влажни коловози и помали одрони од камен и земја се препорачува внимателно возење и строго почитување на сообраќајната сигнализација по патиштата во поширокиот дебарски регион, порачуваат од секцијата на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта.






